Зграда во Мароко ќе користи коноп и соларни панели како извор на електрична енергија

- Advertisement -

Во Мароко беше комплетирана изградбата на еколошка зграда која ќе користи комбинација од коноп и високотехнолошки соларен систем за добивање енергија. Проектот SUNIMPLANT, кој е дизајниран како дом за едно семејство, беше учесник на натпреварот Solar Decathlon организиран од страна на Министерството за енергија на САД и Центарот за истражување на соларна енергија и нови енергии на Мароко.

Натпреварот има за цел да ги предизвика студентите да дизајнираат и да градат градби кои користат соларна енергија. Последното издание на натпреварот беше одржано во Бен Герир, Мароко, и е прв пат натпреварот да се одржи на африканскиот континент.

- Advertisement -

Овој проект става акцент на конопот како градежен материјал и нема слични такви прототипови во светот. Иако зградата е дизајнирана за рурални средини, технологијата може да се примени и за урбани градби.

Предизвикот на натпреварот било да се создаде композит од коноп користејќи два вида биолепак на растителна база. Цилиндричната надворешност на зградата, со минимална изложеност на 24-те надворешни панели, создава удобна внатрешност со оптимална влажност и топлина.

- Advertisement -
www.sunimpant.mk

Зградата чини околу 120.000 долари и оваа цена е речиси половина од најскапите згради кои учестувале на натпреварот. Фасадата на зградата е мешавина од коноп, земја, пуцолан и вар, како и биокомпозити од технички влакна од коноп.

Сферичната аеродинамична надворешност е составен од 24 полуфлексибилни фотоволтаични панели. Биокомпозитни панели направени од волна од коноп ги засилуваат перформансите на фотоволтаичните панели од екстремните временски услови во Бен Герир, каде што температурите може да достигнат и 46 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Фото – Monica Bruemmer

Сподели!
- Advertisement -