Овој холандски изум користи меурчиња за да го лови пластичниот отпад од реките. Посебна цевка поставена по речниот тек испумпува воздух, а меурчињата формираат еден вид на ѕид во водата. Така пластичниот отпад се качува на површината на водата и се собира на страната од речниот тек каде се поставени мали контејнери кои го фаќаат отпадот.
Во текот на тестирањата Great Bubble Barrier заловил 86% од пластичниот отпад. Овој уред не им пречи на бродовите, додека рибите и дивиот свет лесно поминуваат низ него.
Меурчињата не само што го фаќаат отпадот, туку ја оксидираат водата и спречуваат размножување на токсичните алги. Исто така, ја апсорбираат бучавата од бродовите, а со тоа спречуваат вознемирување на рибите.
Амстердам веќе ја користи оваа технологија во каналите. Крајната цел на иноваторите кои ја направија оваа иновација е да ја имплементираат во реките во целиот свет и да спречат пластичниот отпад да дојде до океаните и морињата.
90% од пластиката во океаните доаѓа преку 10 реки и наштетува на нашата планета, на живиот свет и на нашето здравје.