Huawei ќе подели 286 милиони долари бонус за своите вработени

- Advertisement -

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies соопшти дека планира на вработените да ик исплати вкупно 286 милиони долари во форма на бонуси на плати и како награда за напорната работа и помошта при совладувањето на американската трговска забрана.

Најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема истакна и дека се обидуваат се да пронајде алтернатива за американскиот хардвер откако САД им забрани соработка со американски компании и на тој начин им го прекина изворот на клучните хардверски компоненти.

- Advertisement -

Бонусот кој планира да го подели Huawei на речиси секој од своите 190.000 вработени е знак дека компанијата ја препознава напорната работа и трудот кој говложиле вработените за да се надвладее забраната од САД. Најголем дел од таа милионска сума ќе отиде кај вработените во секторот за истражување и развој, кои работат на пронаоѓање нови канали за снабдување на Huawei кои нема да бидат од САД.

Сподели!
- Advertisement -