Откако во мај годинава САД одлучи да ја заостри трговската војна со Кина и да стави некои кинески компании на црната листа, односите меѓу двете земји се затегнати. Последиците од тој однос најдобро ги знае Huawei, кој поради тоа мораше целосно да го смени начинот на кој работи во голем дел од светот. Иако на почетокот изгледаше дека ниеден паметен телефон на Huawei повеќе нема да може да ги користи сервисите и апликациите на Google, беа воведени привремени дозволи кои го овозможија тоа.
Последната привремена дозвола за соработка со кинеските компании истече вчера, а според неофицијалните информаци кои доаѓаат од САД, изгледа дека следува нова привремена дозвола.
Многу американски компании со нетрпение ја чекаат одлуката на американското Министерство за трговија за да добијат дозвола за продажба на делови и компоненти на Huawei. Според неофицијалните информации, Huawei би можел да добе шестмесечна привремена дозвола, која би му овозможила да соработува со американски компании до мај 2020 година.
Новата привремена дозвола на Huawei би му овозможила колку толку нормална работа, а на американските рурални даватели на интерент услуги да продолжат да купуваат програми и телекомуникациска опрема од Huawei.
Но, иако новата дозвола би ја олеснила работата за Huawei и за американските компании, таа не ја покрива продажбата на американските чипови на Huawei. Компаниите како Qualcomm и Microna ќе мора да бараат посебна дозвола од владата за да можат да ги продаваат своите производи на кинескиот гигант.
Дури и ако Huawei добие уште шест месеци, тоа не значи дека новите кинески уреди ќе имаат инсталирани сервиси и апликации на Google. Сепак, тоа ќе му даде уште малку време на Huawei за да го развие сопствениот оперативен систем и да смисли како ќе ги наговори милионите корисници од целиот свет да го користат.