Автоматска градина за одгледување овошје и зеленчук во вашата кујна

- Advertisement -

Оваа високотехнолошка градина за затворени простори ќе може да одгледува овошје и зеленчук целосно автоматски. Дизајнерот Пјер Нибарт од Квебек, Канада, направи нов проект на паметна градина за затворени простори наречена OGarden, која има многу интересен дизајн, но содржи и систем за целосна автоматизација на процесот.

Роботизираната кујнска градина моментално има кампања за собирање средства на палтформата за групно финансирање Kickstarter, каде што веќе собра повеќе од 260.000 долари, а крајната поставена цел ја достигна за само 6 минути. Доколку ја нарачате градината, ќе ја добиете во мај годинава на домашна адреса по цена од 729 долари, што е многу помалку отколку што ќе чини во продавниците.

- Advertisement -

Во описот на проектот се наведува дека во градината ќе може истовремено да се одгледуваат до 90 видови овошје и зеленчук и секогаш да уживате во вкусот на свежата и здраво одгледана храна. Како функционира автоматското одгледување со OGarden можете да видите од видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -