Арапскиот нафтен гигант Aramco ќе го направи најголемото ИПО во светот

- Advertisement -

Саудиска Арабија ја процени државната нафтена компанија Aramco на 1.600 до 1.700 милијарди долари. Компанијата го објави ажурираниот проект за иницијалната јавна понуда во која се бараат повеќе од 25 милијарди долари за продажба на само 1,5% од акциите на компанијата. Со тоа арапската компанија потенцијално може да ја направи најголемата јавна понуда во светот.

Проценетата вредност е помала од 2.000 милијарди долари, колку според извештаите, сакал да достигне престолонаследникот Мохаме бин Салман. Во објавеното соопштение се наведува дека големината на основната понуда ќе биде само 1,5% од акциите на компанијата, а цената е определена во распон од 8.0 до 8,5 долари. Со тоа, ако се добие горниот распон на цената, ова ИПО може да достигне 25,6 милијарди долари, односно да достигне рекордна цена која е поголема од кинескиот гигант Alibaba во 2014 година.

- Advertisement -

Индивидуалните инвеститори, како и големите компании ќе можат да купуваат акции кои ќе се продаваат на саудиската берза во Тадавул во Ријад. Престолонаследникот сака да собере средства за диверзификација на саудиската економија од нафтата со инвестирање во индустрии кои не се врзани за енергиетскиот сектор.

Сподели!
- Advertisement -