Илон Маск најави дека во 2023 година ќе почнат да произведуваат хуманоидни роботи

- Advertisement -

На 19 август минатата година Илон Маск најави дека развиваат хуманоиден робот, кој тогаш го нарекова Tesla Bot. Според извршниот директор на Tesla, роботот ќе работи со истата вештачка интелигенција како автономните возила и ќе им помага на луѓето во вршењето опасни, репетитивни и досадни секојдневни обврски.

Речиси една година подоцна Илон Маск повторно го спомна роботот на конференцијата Cyber Rodeo во Тексас, но овојпат го нарече Optimus Sub-Prime. Тој објасни дека ставиле приоритет на проектот и дека ќе почнат да го произведуваат во 2023 година.

- Advertisement -

„Се што луѓето не сакаат да прават, Optimus ќе го прави тоа. Можеби е тешко да се замисли, но ние ќе се погрижиме да биде безбеден, многу поразличен од Терминатор. Вие сами ќе видите како ќе го трансфомрира светот во подобро место за живот, многу повеќе отколу што го сменија автомобилите. Мислам дека идната година можеме да почнеме да ја произведуваме првата верзија на роботот“ рече Маск.

Tesla уште нема откриено прототип на роботот и не е познато во која фаза од развојот се наоѓа. Роботот кој го опишаа на Cyber Rodeo е висок 172 см и тежок 56 кг.

- Advertisement -

(DesignBoom)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -