Секвојата која се наоѓа во Националниот парк Редвуд во Калифорнија е највисокото дрво во светот. Хиперион, како што го нарекле, е откриен во 2006 година од страна на љубители на природата, но неговата локација се чува во тајност за да се заштити од злонамерни луѓе. Се верува дека е стар околу 700-800 години.
За да успеат да ја измерат висината на Хиперион научниците морале да искористат многу комплицирана метода. Тие се искачиле до врвот на дрвото и спуштиле конопен конец до земја. На тој начин измериле дека Хиперион е висок 115,61 метар и ја заслужил титулата највисоко дрво во светот.
Истражувачите веруваат дека ова дрво можело да порасне до над 116 метри, но поради штетата нанесена на неговиот врв, неговиот раст застанал на 115,6 метри. Иако имало други дрвја кои биле повисоки од Хиперион, тие биле жртва на сечата која се случила во 60-тите години. Тогаш биле исечени 90% од државните древни шуми до 1978 година, кога просторот каде што растеле бил купен и споен со Националниот парк Редвуд. Локалните жители тврдат дека илјадници дрвја, меѓу кои имало и повисоки од Хиперион, биле исечени од 1960 до 1978 година, кога се сечело 24/7.