Kинa сака да ја лансира кинеската автомобилска индустрија пред светската конкуренција

- Advertisement -

Кинескиот производител на автомобили SAIC има за цел да ги надмине светските ривали со масовно производство на револуционерни цврсти батерии за електрични возила до 2026 година.

Батериите во цврста состојба, познати по тоа што се полесни, побезбедни и имаат поголема енергетска густина, се сметаат за клучен напредок во развојот на електричните возила. И покрај тоа што на нив се работи со децении, тие во голема мера се комерцијално недостапни.

- Advertisement -

Сепак, кинескиот производител на автомобили SAIC Motor сега е подготвен да го смени тоа и тврдат дека масовно ќе произведуваат батерии во цврста состојба до 2026 година.

Според порталот Autohome, SAIC го објавил ова на неодамнешната конференција за енергетска технологија на SAIC Group. Првично, компанијата ќе воведе таканаречени полуцврсти батерии, кои содржат мала количина течен електролит, а потоа и целосно цврсти батерии. Тие полуцврсти батерии треба да се користат во хибридни и електрични возила од брендовите на SAIC, вклучувајќи ги MG, Baojun и Wuling, почнувајќи од 2025 година. Ова е во согласност со плановите на компанијата од 2021 година, што значи дека нивната технологија напредува како што се очекуваше.

- Advertisement -

Лансирањето на цврсти батерии до 2026 година ќе ја постави SAIC, а со тоа и кинеската автомобилска индустрија пред многу светски конкуренти. Меѓу нив, Toyota беше значаен поборник за оваа технологија и со години тестираше прототип на електрично возило со вакви батерии. Сепак, Toyota не планира да почне со масовно производство на такви батерии до 2030 година, година која е наведена како крајна цел за произведство на доволно батерии за 10.000 електрични возила годишно. Nissan, уште еден конкурент, има за цел да го постигне истото до 2028 година, но се соочува со значителни предизвици со оглед на неодамнешните проблеми на пазарот на електрични возила.

Напредокот на Кина во технологијата zа батерии во цврста состојба може значително да ја зајакне нејзината автомобилска индустрија, која многу западни земји ја гледаат како закана. Сепак, останува неизвестно дали SAIC, Nissan или Toyota ќе ги остварат своите планови. Кинезите минатата година тврдеа и дека создале батерија за електричен автомобил што се полни за само 15 минути.

- Advertisement -

Батериите во цврста состојба досега често беа во центарот на научни откритија кои сè уште не резултираа со комерцијален успех. Дури и ако овие батерии станат комерцијално исплатливи, електричните возила ќе се соочуваат со отпор на потрошувачите поради различни фактори, од кои некои се културни факгтори. Освојувањето на потрошувачите е следниот голем предизвик за пазарот на електрични возила.

(The Drive)

Сподели!
- Advertisement -