Џек Ма повеќе не е најбогатиот Кинез

- Advertisement -

Основачот на Alibabа, Џек Ма, падна на 21. место меѓу најбогатите луѓе во светот откако според поселдните податоци на Forbеs, со своето богатство го претекнал сонародникот Ма Хуатенг, познат и како Пони Ма.

Богатството на Хуатенг, Forbеs го проценува на 38,8 милијарди долари и го зазема 20. место на листата со најбогати луѓе во светот, додека Џек Ма се наоѓа веднаш зад него со своите 37,3 милијарди долари.

- Advertisement -

Хуатенг и е помалку познат на светската јавност, но исто така доаѓа од онлајн индустријата. Тој е претседател на кинескиот интернет гигант Tencent Holdings, кој според пазарниот удел спаѓа во најголемите кинески корпорации. Популарната апликација за социјални пораки на Tencent, WeChat има повеќе од милијарда корисници.

Сподели!
- Advertisement -