Во Данска може бесплатно да возите кајак под услов да собирате отпад додека кајакарите

- Advertisement -

Во Данска можете бесплатно да кајакарите доколку во текот на возењето го собирате отпадот од водата. Волонтерите добиваат кајак, елек за спасување и весло, како и стапче и кофи за да го собираат отпадот додека уживаат на водата.

Основачите на компанијата GreenKayak добиле инспирација за тоа додека јаделе пица покрај некој од многуте канали. Тие виделе дека насекаде наоколу има отпад кој лебди по водата, но не можат да го досегнат.

- Advertisement -

Иако оваа нивна шема се уште е со релативно мали размери – засега имаат околѕ 50 кајаци на десетина локации – се обидуваат да решат навистина горлив глобален проблем.

Годишно во нашите океани завршуваат дури 8 милиони тони пластичен отпад, од кои голем дел потекнува од копното. Волонтерите кајакари сега собираат дел од тој отпад пред да стигне до океаните.

- Advertisement -

Проектот најпрвин стартуваше во Копенхаген и во Архус, но потоа се прошири и во Ирска, Норвешка и во Германија.

In Denmark you can go kayaking for free if you pick up floating trash

Environmentally friendly incentives.📕 Read more: https://wef.ch/2KGt1zP

Posted by Video – World Economic Forum on Среда, 18 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -