Сателитските снимки на јужниот дел од Тихиот Океан покажуваат дека источно од Нов Зеланд се наоѓа голем дек од необично топол океан. Температурата на водата во тој дел е околу 5 степени Цезлиусови над просекот за овој период од годината, вели Џејмс Ренвик, професор и декан на Факултетот за географија на Универзитетот Викторија во Велингтон. .
Топлата точка на површината на Тихиот Океан може да се забележи дури од вселената и е најголемата натпросечно топла водена површина на Земјата во моментот. Станува збор за површина од околу 1 милион квадратни километри.
На површината на океаните нема толку вртоглави варијации. Еден степен Целзиусов е многу, а пет степени е огромна промена. Многу ретко се среќава овој феномен на толку голема површина, но научниците велат дек поради глобалното затоплување оваа појава станува почеста .
Површината на океанот го прави она што и го кажува воздухот над неа, велат научниците. Таа површина примила многу сончево зрачење, а немало западни ветришта кои би ги однеле тие топли маси. Загреаното подрачје се гледа како огромна црвена точка на сателитските снимки за температурата на површината на водата.
Научниците не знаат до која длабочина надолу се спушта таа температура, но проценуваат дека не станува збор за повеќе од 20 метри затоа што е потребна огромна енергија за да се загрее толку голема водена маса во текот на неколку недели.
Ваквите невообичаени загревања на површината на водата на океаните во минатото предизвикуваа помор на морските животни, пропаѓање на коралите и алгите на дното на водата.