Меѓународен тим составен од научници од Империал колеџ од Лондон и Google Health, дизајнираа и направија компјутерски модел на ренген слики на скоро 29.000 жени.
Алгоритмот бил поуспешен во читањето мамограми отколку шестмина лекари, а бил речиси исто толку добар во споредба со двајца лекари кои заедно ги читале снимките.
Во моментов, британскиот здравствен систем користи два радиолога за да ги прочитаат снимките на секоја жена, а во ретки случаи, кога нивните мислења се разликуваат, се повикува трет доктор.
Во студијата, АI користела необележани снимки за да не се открие идентитетот на пациентите и за разлика од лекарите, немала увид во медицинската историја на секоја жена. И покрај ова, АI бил исто толку добар како двајца доктори заедно, и подобар во читање мамограми од кој било доктор.
За обука на радиолозите се потребни десет години школување. Читањето мамограф е клучна во дијагностицирањето рак на дојки и одзема многу време. Во моментов, во Британија има недостиг на илјадници радиолози.
Доминик Кинг од Google Health, рече дека е многу горд на резултатите од истражувањето и дека тие се на добар пат да развијат технологија што ќе им помогне на клиничарите да препознаат рак на дојките со поголема прецизност.