WhatsApp откри кому ќе му го наплаќа користењето на апликацијата

- Advertisement -

Апликацијата на Facebook за размена на пораки WhatsApp ќе почне да им наплаќа на компаниите за праќање маркетиншки или кориснички пораки откако социјалната мрежа се соочи со забавен раст на приходите и на користењето.

Овој потег ќе му овозможи на Facebook да заработи од WhatsApp. Компаниите преку платформата ќе можат да даваат информации и услуги, како што се датуми на испорака или разни пропусници. За возврат, компаниите ќе мора да платат надомест за потврдената испорака.

- Advertisement -

Како што пренесува Poslovni Dnevnik, пораките ќе чинат од 0,5 до 9 центи, во зависност од земјата во која се наоѓа корисникот. Може да бидат автоматизирани или испратени од страна на корисничка служба. Наведената цена покажува дека користењето на оваа опција во некои случаи ќе биде поскапа од сипраќање СМС порака.

Како и другите пораки кои се испраќаат преку апликацијата, и овие ќе бидат шифрирани, што значи дека WhatsApp нема да може да ги чита. Компаниите Uber, онлајн трговецот Wish и туристичкиот сервис Booking.com се меѓу првите компании кои ќе ги прифатат новите услови. Вкупно 3 милиони компании активно го користат WhatsApp.

Сподели!
- Advertisement -