SpaceX објави видеосимулација на првата мисија на Crew Dragon во 2020 година

- Advertisement -

Првата мисија на вселенското летало на Илон Маск можеби нема да се случи до идната година, но SpaceX сподели видео со симулација на првиот лет на Crew Dragon до Меѓународната вселенска станица.

На видеото се гледа како се качува екипажот во капсулата, одбројувањето до полетување и одвојувањето од ракетата Falcon 9 пред да се прикачи на американската вселенска станица.

- Advertisement -

Извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, посочи дека капсулата Crew Dragon треба да е физички подготвена во февруари, но додаде дека веројатно ќе поминат уште неколку месеци додека се завршат сите тестови за безбедност.

Капсулата Crew Dragon беше уништена во aприл во текот на неуспешен тест при пактивацијата на системот за пропулзија Super Dracon. Сега Маск се надева дека капсулата ќе биде готова до лансирањето на Интернационалната вселенска станица годинава.

- Advertisement -

Двеминутното видео почнува со качувањето на екипажот во капсулата, палењето на Falcon и полетувањето на ракетата. Кога ракетата ќе влезе во орбитата, капсулата се одделува и се движи кон Меѓународната вселенска станица. После неколку летови околу Земјата, Dragon безбедно се враќа на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -