Од Facebook на CES 2020 претставија нова алатка за проверка на поставките за приватност, која би требало да ги едуцира корисниците, но и да им овозможи навистина да контролираат кој што гледа.
Privacy Checkup, односно проверката на приватноста по прв пат се ажурира сега после скандалот со Cambridge Analyticа и е проширена на четири нови теми: кој може да го види тоа што го споделувате, како да го осигурате профилот, како луѓето можат да ве најдат на Facebook и поставки за споделување податоци на Facebook.
Новата алтка треба да им овозможи на корисниците на едно место, а не како досега во менија и подменија, да ги проверат своите поставки и да ги променат. Од Facebook појаснуваат дека промените ги вовеле базирани на информациите кои ги добиле од корисниците и одлучиле да ги послушаат.
Скандалот со Cambridge Analyticа уште не е завршен и ако се суди според последно објавените документи, има несогледливи последици.