Ова е првиот брод во светот кој не може да се преврти и да потоне

- Advertisement -

Thunder Child е името на брзиот брод на кој главната одлика му е конструкцијата која не дозволува да потоне ни при најголема бура. Имено, дури и ако бродот се преврти, тој сам ќе се исправи. Бродот го дизајнираше компанијата Safehaven Marine, а е наменет за употреба во американската морнарица, полицијата и другите служби кои пловат при опасни временски услови, пренесува Zimo.

Во бродот може да се соберат 10 членови на екипажот, а има и кабини за спиење. Дизајниран е да ги апсорбира налетите на брановите, но неговата најимпресивна способност е сам да се исправи по превртување.

- Advertisement -

Неколку фактори му овозможуваат на Thunder Child да плови по немирно и бурно море без страв од превртување или потонување. Најпрвин, бродот има многу низок центар на рамнотежа. Второ, кабината на бродот не пропушта вода, односно херметички се затвора, што значи дека во неа не може да навлезе вода. И најпосле, кабината е направена да биде екстремно лесна за пловење, што значи дека и кога бродот ќе се преврти, поради така дизајнираната кабина самиот ќе се исправи.

Сподели!
- Advertisement -