ВИДЕО: Оваа машина може да рециклира 100 кг пелени за еден час

- Advertisement -

Потребнис е стотици години за пелените за еднократна употреба да се распаднат, но една нова машина може да претвори 100 килограми употребени пелени во чисти суровини за само еден час. Чвун Џон Хванг и неговиот тим од истражувачи на Универзитетот Чунг Хуа во Тајван ја направија оваа машина како пилот проект и планираат да направат поголем објект каде што ќе рециклираат 10 тони употребени пелени за само еден ден, пишува Inhabitat.

Рециклирањето пелени и други производи за хигиена изгледа едноставно, но всушност, процесот е многу сложен. Тука проблем е исплатливоста и сложениот инженеринг. Но, како што напредува технологијата, науката успева да ги надмине тие пречки и рециклирањето пелени е одлично решение за намалување на отпадот по депониите и отстранување на штетните хемикалии од околината.

- Advertisement -

ашината за рециклирање пелени на Хванг е лесна за користење во институции. Планот е едноставен. Специјализирана машина за перење ги чисти валканите пелени за потоа да може да се процесираат во реупотребливи суровини. Персоналот ја полни машината со пелени и со средства за дезинфекција се уништуваат сите патогени. Потоа различните материјали од кои се направени се оддлеуваат со стратификација. Овој метод троши помалку вода отколку еден тоалет, а и таа вода што ќе се потроши може да се рециклира.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -