ВИДЕО: Samsung во Лас Вегас претстави невидлива тастатура

- Advertisement -

Samsung направи невидлива тастатура која користи вештачка интелигенција за да ги следи движењата на прстите. Станува збор за проектот на инкубаторската програма кој вклучува AI софтвер за креирање виртуелна тастатура на рамни површини.

Проектот се вика SelfieType. Тој ја користи предната камера на телефонот, таблетот или лаптопот преку која ги следи движењата на прстите и ги претвора во стандардниот QWERTY распоред. За софтверот не е потребна никаква дополнителна опрема и кога ќе биде достапен на пазарот ќе биде одлична алтернатива за физичките тастатури.

- Advertisement -

Главната предност на оваа алатка е тоа што нема да има потреба да се носи Bluetooth тастатура или мини тастатури. За работата на SelfieType доволно е да има цврста и рамна површина. Засега не е познато кога ќе биде комерцијално достапен и по која цена.

Во C-Lab моментално се развиваат 40 проекти, за кои се очекува дека во иднина ќе прераснат во независни стартап компании.

Сподели!
- Advertisement -