Абу Даби ја пушти во употреба најголемата соларна електрана во светот

- Advertisement -

Абу Даби отсега е местото каде што се наоѓа најголемата соларна електрана во светот. Ова се случува во пресрет на климатската конференција на ОН, COP28, чиј домаќин годинава се ОАЕ.

Соларната фарма Al Dhafra е 2-гигаватна фабрика лоцирана на околу 35 км од Абу Даби и беше пуштена во употреба на 17 ноември. Фабриката е во заедничка сопственост на компанијата за чиста енергија од Масдар, Abu Dhabi National Energy Company (TAQA), EDF Renewables од Франција и JinkoPower од Кина, како и провајдерот на енергија Emirates Water and Electricity Company (EWEC).

- Advertisement -

Фабриката е опремена со речиси 4 милиони двострани соларни панели и се проценува дека ќе создава доволно енергија за речиси 200.000 домаќинства, а ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 2,4 милиони тони годишно. Овој соларен проект е доказ за неверојатниот напредок во ефикасноста на соларната енергија, иновациите и ценовната конкурентност, со што се поставува рекордни ниска тарифа за струјата.

Соларниот парк Al Dhafra бил изграден во една фаза и покрива над 20 квадратни километри пустина, а отвори над 4.500 работни места. Над 4 милиони панели во фармата се направени од најнапреден кристалин, двострана соларна технологија, со што се добива најефикасна енергија со апросбирање на соларната ирадијација ид од предната и од задната страна на панелот. Се очекува дека оваа електроцентрала ќе ја намали емисијата на CO2 во Абу Даби за над 2,4 милиони метрички тони, што е еднакво како да се отстраниле 470.000 автомобили од патиштата.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -