Промовиран „Infinity Flex“, Samsung смартфон „на преклоп“

- Advertisement -

На презентацијата од јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsun“ беше промовирана нивната најнова технолошка иновација од областа на мобилната телефонија и смартфон уредите.

Јужнокорејците го претставија „Infinity Flex“, нивниот револуционерен смартфон чија највпечатлива карактеристика е неговиот екран „на преклоп“.

- Advertisement -

„Гаџетот“ има двојна функционалност – како паметен телефон и таблет. Од спецификации познато е дека има 7,3-инчен AMOLED екран и дека едноремено може да работите во три апликации. Другите спецификации засега се непознати.

Според најавата на потпретседателот за маркетинг на мобилни производи во Samsung, Џастин Денисон, овој смартфон официјално во масовно производство ќе биде пуштен во следните неколку месеци.

Сподели!
- Advertisement -