Моментално највредната автомобилска компанија во светот, според вредноста на акциите, е Tesla со пазарна капитализација од 200 милијарди долари. Вредноста на акциите на Tesla во последно време забрзано расте, така што оваа компанија сега вреди исто како американските ривали General Motors (GM) и Ford заедно.
Акциите на Teslа достигнаа вредност од речиси 476 долари по акција. По таа цена вкупната пазарна вредност на компанијата е околу 86 милијарди долари. Пазарната капитализација на GM е околу 50 милијарди долари, a на Ford е околу 37 милијарди долари.
Tesla вреди 15 милијарди долари повеќе од Fiat Chrysler и Ferrari заедно. Вредноста на Teslа исто така е за 15 милијарди поголема отколку вредноста на јапонските компании Honda и Nissan заедно.