Руси ја направија првата 5G лапароскопска операција во светот

- Advertisement -

5G технологијата ќе донесе голем напредок на многу полиења, а како тоа ќе изгледа во медицината неодамна покажаа доктори во Kина кога на далечина изведуваа неколку оперативни зафати. Сега, пак, беше направена првата 5G лапароскопска операција во светот за остранување на туморни ткива во медицинскиот оддел на иновацискиот центар Сколково во Москва.

Дислоциран тим од медицински експерти во Русија со помош на лапароскопски уреди, конференциски 4K камери, анестезиолошки конзоли, дополнителни камери поврзани на 5G мрежа и 5G решенијата на Huawei за користење во медицината успешно оперираа пациент во реално време.

- Advertisement -

5G технологијата во медицината почна поинтензивно да се тестира минатата година, а досега остварените оперативни зафати на далечина покажуваат дека во тој сегмент 5G технологијата ќе најде примена многу брзо по комерцијализацијата.

Првиот сложен хируршки зафат со помош на 5G технологија беше реализиран во март минатата година, кога хирург од кинескиот град Санја вгради уред за стимулација на мозокот кај пациент заболен од Паркинсонова болест, кој лежеше на операциона маса повеќе од 3.000 км оддалечен од докторот.

- Advertisement -

Од Huawei најавија дека продолжуваат со големите инвестиции во развојот и комерцијализацијата на 5G технологијата. Годинава ќе инвестираат 15-20 милијарди долари во истражување и развој на нови 5G технологии.

Сподели!
- Advertisement -