LG претстави паметен телефон со пет камери

- Advertisement -

За голем број корисници на паметни телефони една од најбитните опции при изборот на телефон е квалитетот на камерата, а кога се во прашање најсилните модели, речиси не може да се згреши затоа што сите нудат одлична оптика. За да се разликуваат од конкуренцијата и на корисниците да им понудат што поквалитетно фотографирање, телефоните денес имаат дополнителни опции како вештачка интелигенција која ги препознава условите во кои се користи и се подесува самата.

LG вчера го претстави телефонот V40 ThinQ, кој има дури пет камери – три од задната страна и две од предната страна. Тие ги покриваат сите агли на снимање и фотографирање, па со тоа телефонот може да прави фотографии со широк агол, да зумира и секако, да прави фотографии со заматена позадина.

- Advertisement -

Камерите од задната страна се стандардна со резолуција од 12 MP, камера со широк агол од 107 степени и 16 MP и телефотокамера од 12 MP, додека од предната страна се наоѓа камера од 8 MP за селфи и дополнителна камера од 5 MP со широк агол, која овозможува правење групни селфи фотографии.

Интересна е опцијата да се прават три фотографии одеднаш со задните камери и да се поврзат тие фотографии со анимаци и се разбира, неизоставната вештачка интелигенција. Бидејќи има три различни камери, квалитетот не е ист.

- Advertisement -

Иако G V40 ThinQ ќе биде најпрепознатлив по камерите, паметниот телефон има и други напредни опции има екран со дијагонала од 6,4 инчи и резолуција од 1440 x 3120 пикесли, 6 GB RAM и 64 GB складиштен простор, а процесорот е Snapdragon 845. Отпорен е на вода и прашина, има приклучок за слушалки, батерија со капацитет од 3300 mAh, можност за безжично и брзо полнење. Телефонот ќе се појави на пазарот во текот на октомври по цена од 900 до 980 долари.

Сподели!
- Advertisement -