Бесплатни онлајн курсеви на македонски со новата платформа на Brainster

- Advertisement -

Со 8 веќе закажани предавања и дополнителни триесет во најава, започна со работа првата бесплатна платформа за учење преку интернет во Македонија, Brainster Online. Целта на оваа платформа, на која може да и се пристапи на online.brainster.co, е да им ги доближи најновите трендови на сите кои посакуваат да започнат кариера во ИТ секторот и останатите дигитални сектори и да им помогне да го направат првиот чекор.

- Advertisement -

Платформата е создадена од страна на Brainster, компанија која веќе 5 години нуди програми за преквалификација од областа на програмирање, дигитален маркетинг, графички дизајн и data science. Од компанијата велат дека новата платформа е креирана да им помогне на луѓето заинтересирани за нова кариера да го направат првиот чекор полесно и да го намалат ризикот од неуспех, но и да им понуди можност на луѓето од сите градови во Македонија да добијат пристап до знаење и информации кои ќе им помогнат во професионалниот развој.

„Креирањето на платформата Brainster Online има за цел да ги мотивира луѓето да почнат посериозно да размислуваат за кариера во некоја од областите кои дигитализацијата ги наметна како најбарани и најплатени на пазарот, но и да им понуди потемелни информации на оние кои веќе размислуваат да започнат кариера. Со помош на оваа платформа ќе биде многу полесно да се запознаете со областа и сами да заклучите дали одговара на вашите амбиции, но и способности”- изјави Дарјан Раденковиќ, маркетинг директор на Brainster.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека најголем дел од студентите во Brainster се од Скопје, но доста голем број од нив патуваат од Куманово, Велес, Штип и Тетово за да стекнат ново знаење кое ќе им овозможи да започнат нова кариера. Фактот дека треба да патуваат до Скопје неколку пати во неделата, на многу од луѓето во Македонија им ја отежнува идејата за преквалификација па тие се откажуваат од идејата да се запишат на програмите.

„Платформата воедно ќе понуди можност за луѓето од цела Македонија да се стекнат со практични дигитални вештини, посебно бидејќи во голем дел од градовите луѓето немаат пристап до едукација во областа на ИТ и дигиталните вештини“ – додава Раденковиќ.

- Advertisement -

Инаку Brainster веќе 5 години преку академии и курсеви им помага на луѓето да започнат нови кариери во областa на програмирање, дигитален маркетинг, дизајн, data science и software testing. Само во 2019-та година на академиите во Brainster се запишале над 500 луѓе а заедно со курсевите и работилниците, вкупната бројка на луѓе кои дошле да учат во изминативе 5 години изнесува над 8000.

Правници, економисти, банкари, наставници се само некои од профилите кои поминале низ академиите на Brainster за да станат програмери, маректери, дизајнери. Според анализите на Brainster над 80% од студентите на академиите кои биле во потрага по нова кариера или промена на постоечката успеале во тоа.

Сподели!
- Advertisement -