Хрватскиот иноватор Мате Римац стартуваше свое шоу наречено „Mondays with Mate“

- Advertisement -

Rimac Automobili, односно младиот хрватски иноватор Мате Римац стартуваше своја шоу програма наречена „Mondays with Mate“, а се со една цел.

„Даваме се од себе за нашето патување да го споделиме со вас и да го направиме потранспарентно“ вели Римац. Тој, како и администраторите на социјалните мрежи за компанијата Rimac Automobili се активни на Имнтернет и често објавуваат новости за развојот на своите електрични автомобили. Покрај тоа, знаат и да се пошегуваат на трендовите и предизвиците кои се шират по социјалните мрежи, што укажува на комуникациска стратегија насочена кон целиот свет.

- Advertisement -

Неодамна го вработија и познатиот јутјубер и тест-возач на најбрзи автомобили Миш Чарудин, кој известува за најновите случувања во компанијата Rimac Automobili, но исто така го споделува и своето мислење за теми кои ги избираат следбениците. „Слободно прашајте!“ се вели во повикот од Rimac Automobili.

„Малку за 2019 година, некои планови за 2020 и прилика уште повеќе да се поврземе со нашите обожаватели – каде што можете да не следите и да не прашате што сакате, а ние ќе одговориме на најдобрите прашања секој понеделлник“ ја сумираше содржината на првата епизода на шоуто, кое е достапно на YouTube.

Сподели!
- Advertisement -