Ескпертите кои го проучуваа однесувањето на водата под површината на ова огромно парче лед со име Твејтс, кое го нарекуваат и „санта лед на судниот ден“, дојдоа до откритие кое навистина ги исплаши. Имено, тим од научници од Универзитетот Џорџија кој се занимава со истражување на глечерот Твејтс дојде до нови сознанија во врска со глечерот кои воопшто не се пријатни. Тие ткрија дека водата под него е необично топла.
Според извештајот на научниците, водата со која глечерот од Антарктикот се допира од долната страна има за два степени повисока температура од стандардната температура на смрзнување. „Топлата вода во овие делови од светот, колку и да се изолирани, треба да ни послужи како предупредување за потенцијално кобните последици од климатските промени. Ако температурата на водата предизвика топење на глечерот, тоа ќе го смени нивото на морињата, што ќе загрози многу населени делови од светот“ велат научниците.
Ако се истопи глечерот Твејтс, тоа ќе има големо влијание врз целиот свет. Тој ќе испушти количина вода колку цела Велика Британија, поради што нивото на морињата може да се зголеми за дури 90 см.