Јапонска фабрика го претвора изметот од кравите во обновлива енергија

- Advertisement -

Канадската компанија Anaergia во партнерство со јапонската компанија Toyo Energy Solution дизајнираа фабрика за биогас која го претвора изметот од кравите во обновлива енергија. Фабриката ќе биде изградена во Касока, Окајама, Јапонија.

Anaergia е позната како компанија која нуди решенија за чиста енергија користејќи органски отпад ширум светот. Со цел да ја олеснат енергетската криза која се случува во моментот и да најдат решенија за чиста енергија, Toyo Energy Solution сака да изгради фабрика за целосно органска енергија.

- Advertisement -

Се очекува фабриката да ја намали емисијата на CO2 од животнтие и од фосилните горива за 13.500 тони, што е исто како да сте отстраниле 2.000 коли од патиштата во период на една година. Претседателот и извршен директор на Anaergia, Ендрју Бенедек, истакна дека фабриката ќе помогне да се намали емисијата на стакленички гасови како CO2 и метан, кои се испуштаат од животинскиот измет и од отпадот од храна.

„Отпадот како изметот од животните, од луѓето и отпадоците од храна се виновни за дури 2/3 од вкупната емисија на метан, стакленичкиот гас кој е 85 пати помоќен отколку јаглерод диоксидот. Централно место во тактиката за зауздување на глобалното затоплување треба да има стопирањето на емисијата на метан“ вели Бенедек.

- Advertisement -

Во нивниот проект 250 тони анаеробно дигестиран измет од крави ќе се користи како биогас за да се напојува систем за генерирање топлинска и електрична енергија. Биогасот ќе може да генерира до 1,2 мегавати обновлива електрична енергија, која ќе може да најпојува 2.200 јапонски домови годишно.

„Оваа нова фабрика за биоенергија не само што ќе и помогне на Јапонија да ја намали емисијата на метан од животинскиот измет, туку ќе ја намали и потребата за течен природен гас. Се надеваме дека во иднина ќе имаме многу повеќе вакви проекти во Јапонија со нашиот партнер Toyo Energy Solution Ltd. и ќе и помогнеме на нацијата да ги исполни своите цели за карбонска неутралност“ додава Бенедек.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: stocksnap.io)

Сподели!
- Advertisement -