Извозот на ИТ услуги oд Србија достигна 1,4 милијарди евра!

- Advertisement -

Извозот на ИТ услуги минатата година од Србија достигна 1,422 милијарди евра, што претставува зголемување од дури 25 проценти во однос на 2018 година, соопшти Народната банка на Србија.

Заменик-генералниот директор на секторот за економски истражувања и статистика Милан Трајковиќ рече дека вкупниот извоз на услуги, вклучително и ИТ услугите, достигнал седум милијарди евра во 2019 година и дека претставува зголемување од 15 проценти.

- Advertisement -

Трајковиќ додаде дека извозот на стоки и услуги во 2019 година изнесувал 10,5 проценти, достигнувајќи 23,4 милијарди евра.

Тој изјави дека ланскиот извоз воопшто не успорил, туку има забрзан раст во однос на 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -