Хрват продава воздух од островот Лошињ во лименка

- Advertisement -

Во денешно време се повеќе земји имаат проблем со загаден воздух, а дишењето дополнително го отежнуваат заштитните маски кои сега мора постојано да ги носиме поради пандемијата на корона вирусот. Хрватот Иван Волариќ дошол на генијална идеја како на сите да им го олесни дишењето. Тој продава чист воздух од хрватскиот остров Лошињ, спакуван во лименка.

Воздухот од Лошињ припаѓа на прва категорија по квалитетот, на што директно влијаат морската сол и минералите од Јадранското Море. Иван вели дека овој воздух, спакуван во специјално заштитена боца, нема толку трајно да ги реши проблемите, но макар накратко ќе им го олесни дишењето на луѓето.

- Advertisement -

Својата идеја почнал да ја реализира во 2016 година, кога ја отворил компанијата Air Rio, а првенствено сакал да се фокусира на странските пазари како Кина и Индија, кои предничат по загадувањето на воздухот.

„Во Хрватска чистиот воздух е релативно нормална работа, така што не сме ни свесни колку сме среќни и колку тоа го сфаќаме здраво за готово“, вели сопственикот на компанијата која сега е единствена во Европа која се занимава со оваа работа и која извезува илјадници лименки пакуван воздух, кој може да се дише и преку маска.

- Advertisement -

Инаку, Лошињ е одамна познат како лековита оаза. Уште во 1892 година е прогласен за климатско лекувалиште и на овој остров, чија традиција е долга 125 години во лекувањето, доаѓале многу познати луѓе. Кога станува збор за самиот процес на работа, Иван вели дека тој е многу сложен и дека бара огромна прецизност.

Дури кога сите фактори се задоволени (од влажност на воздухот, индексот на квалитет, правецот на ветрот, периодот од денот и локацијата), воздухот на Лошињ се полни со специјални мобилни компресори, кои за разлика од класичните, задоволуваат многу строги норми за чистота на воздухот“, вели Волариќ.

- Advertisement -

Компресорите не се подмачани со масло и со нив се оди на неколку тајни локации на островот. Имено, разликата е дали по воздух се оди во 14 или во 19 часот. Се внимава на секој детаљ.

Собраниот воздух потоа се префрла во мали лименки, а капакот е маска која се подига, се става на устата и на носот и се вдишува. Примероците редовно се испраќаат на анализа во Јавниот завод „Андрија Штампар“. Освен „Pure air” воздухот во лименки, оваа компанија има уште еден производ кој привлекува внимание, а тоа е Oxygen рекреациониот воздух. Чистотата на воздухот изнесува 99,5%, а првенствено е наменет за спортисти. Првиот воздух има 20,9% кислород, а вториот речиси 100% чист кислород од Лошињ.

Когаљ станува збор за цените, „Pure air” се пакува во лименки со различна големина – од 2 литри чинат околу 5,95 евра, од 5 литри околу 9,26 евра, а 7 литри може да се купат по цена од околу 10,58 евра и таа количина овозможува 120 инхалации.

(24sata.hr)

(фото: Air Rio screenshot)

Сподели!
- Advertisement -