Шкотска воведува бесплатни санитарни производи за сите жени!

- Advertisement -

Шкотскиот парламент го усвои планот според кој хигиенските влошки ќе бидат бесплатни за сите жени во државата. Шкотска е првата земја во светот која воведува ваков закон. Според новиот закон, тампоните и хигиенските влошки ќе бидат достапни на јавни места како што се општествени центри, центри за млади, аптеки, а се проценува дека оваа мерка ќе ја чини државата 24,1 милиони фунти годишно.

Уште во првото читање законот беше усвоен со 112 гласови за и без против или воздржани. Предлогот сега оди на второ читање, кога пратениците можат да предлагаат амандмани.

- Advertisement -

Моника Ленон, која го предложи законот, вели дека усвојувањето на законот ќе биде пресвртница за нормализација на менструацијата во Шкотска и дека ќе им испрати порака на луѓето колку сериозно Парламентот ја сфача рамноправноста на половите.
Шкотска во 2018 година стана првата земја во светот која бесплатните хигиенски влошки и тампоните ги воведе во училиштата и на универзитетите.

Сподели!
- Advertisement -