Двајца браќа од Хрватска ги направија најеколошките патики во светот

- Advertisement -

Двајцата браќа Болјар знаеле дека имаат добра идеја која ќе биде одличен производ уште пред пет години, но им требало време за и другите да ги уверат во тоа. Нивниот потенцијал го препознале во Загребскиот иновациски центар ZICER, но и во Fil Rouge Capital, каде што ја поминале акцелераторската програма. Но, Болјар ја видоа вистинската вредност на својот проект кога вчера ја стартуваа кампањата на Kickstarter.

Имено, хрватскиот бренд на еколошки патики, зад кој стојат двајцата браќа Хрвоје и Домагој Болјар, за помалку од 24 часа на Kickstarter собра повеќе од двојно од тоа што го бараат. Целта од 10.000 долари веднаш ја надминаа, а во моментот на пишување на овој текст бројката е околу 24.000 долари, а остануваат уште 29 дена од кампањата.

- Advertisement -

Нивната колекција патики наречена Miret е направена од 97% природни материјали: коноп, лен, плута, дрво, пченка, еукалиптус, каучук, 100% природна волна од Нов Зеланд сертифицирани со најстроги еколошки сертификати во светот за безбедност на околината и животните.

Miret во новата колекција има четири линии: Hempies, Woolies, Fluffies и Veggies. Секоја еколошка линија патики е направена од идентични природни материјали, а различен е само надворешниот материјал.

- Advertisement -

Патиките Hempies се направени од 100% чист коноп, меки се, антибактериски, не содржат бои. Надворешниот материјал на патиките Woolies и Fluffies Miret е 100% волна и може да се носат во секакви временски услови. Тие ги имаат сертификатите Oetko-tex, EU Ecolabel, а Woolies и Veggies го имаат дури и сертификатот Cradle to Cradle. Патиките Veggies Miret се направено од биоразградлив текстил кој е цврст и издржлив и може целосно да се компостира.

Овие патики ги има во величини за сите членови на семејството од 34 до 49 и ги има во вкупно 13 различни бои. Ако ја поддржите кампањата на браќата Болјар на Kickstarter, еден пар може да добиете за 85 долари. Оваа можност ја имате до денес попладне, а проектот можете да го поддржите до 2 април.

Сподели!
- Advertisement -