Додека се повеќе држави ги затвораат границите, училиштата, факултетите и градинките, забрануваат патување, додека голем број луѓе се во карантин и додека Доналд Трамп прогласува вонредна состојба во САД, Илон Маск повторно се шегува со сериозноста на ситуацијата. Тој неодамна на Twitter напиша дека паниката околу корона вирусот е глупава, поради што го критикуваа многу луѓе.
Во имејлот кој им го испрати на вработените во SpaceX напиша дека ризикот да се умре во сообраќајна незгода додека се враќате дома од работа. Уште полошо е тоа што според доказите кои ги видел, сериозноста и опасноста на ситуацијата е таква што корона вирусот повеќе не е меѓу топ 100 најголеми закани по здравјето во САД.
Во истиот имејл тој ги советуваако не се чувствуваат добро, да не доаѓаат на работа, а истото важи и ако биле во контакт со заразени луѓе. Сличен имејл со слична содржина им испратил и на вработените во Tesla.