Корона кризата го исчисти воздухот во Европа

- Advertisement -

Со воведувањето ограничувања за движење и активности поради коронавирусот, загаденоста на воздухот е намалена во урбаните области низ цела Европа, покажуваат денеска најновите сателитски слики. Сателитските слики покажуваат намалување на просечното ниво на штетен азот диоксид во поголемите градови од 5 до 25 март.

Сателитските снимки од Сентинел-5 покажуваат намалување на просечното ниво на штетен азот диоксид во поголемите градови, вклучително во Брисел, Париз, Мадрид, Милано и Франкфурт, во периодот од 5 до 25 март. во однос на истиот период претходната година. Тоа се совпаѓа со воведувањето мерки за ограничување на патниот сообраќај, најголемиот извор на азот диоксид и намалување на производството во фабриките што испуштаат штетни гасови.

- Advertisement -

Новите снимки, објавена од Европската вселенска агенција (ЕСА) и анализирани од Европскиот сојуз за јавно здравје (ЕПХА), покажува намалена густина на азот диоксид, кој може да предизвика респираторни проблеми и карцином.

Дневните временски услови можат да влијаат на нивото на загадување на атмосферата, така што сателитските слики земаат просек од 20 дена и ги игнорираат податоците земени за време на облачните денови.

- Advertisement -

Податоците од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) покажуваат сличен тренд за периодот помеѓу 16 и 22 март.

ЕПХА посочува дека луѓето кои живеат во загадени градови имаат поголем ризик да бидат заразени со Ковид-19, бидејќи продолжената изложеност на слаб квалитет на воздухот може да го ослабне имунолошкиот систем.

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот е причина за околу 400.000 предвремени смртни случаи секоја година во Европа, потенцира ЕЕА.

Сподели!
- Advertisement -