МАПАС: Средствата на задолжителните пензиски фондови се лична сопственост на членовите!

- Advertisement -

По повод објавените информации во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот столб од пензискиот систем на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објавува следното соопштение:

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Средствата се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и тие претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери. Моментално во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

- Advertisement -

Една од целите поради кои е креиран вториот столб е да во иднина се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите. Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитално финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации.

Сподели!
- Advertisement -