На онлајн конференцијата наречена „Сузбивање на КОВИД 19 со помош на технологија“, Huawei претстави технолошки решенија кои значајно помогнаа во превенцијата на ширење на корона вирусот во Кина. Успехот е постигнат благодарение на комбинација од технологии кои ги развива Huawei, а тоа се 5G мрежата, Huawei Cloud и вештачката интелигенција. Комбинацијата од тие технологии овозможува полесна, побрза и поефикасна дијагностика и комуникација со експерти од земјата и од светот.
За помалку од еден месец од првиот случај на корона вирусот Huawei Cloud со помош на вештачка интелигенција беше имплементиран во 20 болници ширум Кина, а поради постигнатиот успех Huawei Cloud денес се користи во повеќе од 100 болници ширум светот.
Примената на вештачката интелигенција се покажа пресудна и за брзо дијагностицирање на болеста, со што не само што е овозможена обработка на податоци од повеќе личности, туку и дополнително се растеретени докторите. Технолгијата за вештачка интелигенција на Huawei овозможи дури шест пати побрзо дијагностицирање на вирусот во однос на времето кое им е потребно на докторите.
Имено, на еден доктор му се потребни 12 минути за дијагностика и две минути за пишување на наодот, а со вештачката интелигенција дијагнозата е поставена за само 10 секунди, по што е потребна двеминутна потврда од доктор и изработка на наод а само 30 секунди.
Понатаму, закраток рок со користење на вештачка интелигенција и повеќе од 10 милиони симулации, меѓу 8.506 постојни лекови и 160 милиони молекуларни состави пронајдени се пет потенцијални лекови. Времето кое би им било потребно на докторите да направат ваква анализа е значително подолго, а бројот на починати и заболени би бил многу поголем.
„Во борбата против корона вирусот има три клучни решенија. Првото е користење на вештачка интелигенција во здравството, второто е онлајн образование затоа што не смее за сопре образованието и третотот е работа во облак за компаниите да продолжат со нормална работа, а последиците врз економијата да бидат што помали. Во глобалната борба против корона вирусот треба да делуваме заедно и да го спречиме ширењето на вирусот што побрзо. Ние успеавме во тоа благодарение на Huawei Cloud и вештачката интелигенција, а резултати покажуваат и други земји кои го имплементирале нашиот систем“, велат од Нuawei Cloud.