Колку донираа технолошките гиганти за борбата против корона вирусот?

- Advertisement -

Големите технолошки компании на различни начини се обидуваат да помогнат во борбата против корона вирусот и кризата која се создаде во светот. Дел од нив своите погони ги искористија за производство на респиратори, додека некои донираат пари во различни фондови и здруженија кои ќе ги пренасочат за финансирање на пронаоѓањето вакцина, ќе им помогнат на некои луѓе кои немаат доволно пари и слично.

Минатата недела со својата најава за донација изненади Џек Дорси, извршниот директор на Square и Twitter, кој најави дека ќе донира дури 1 милијарда долари за борба против пандемијата. Тоа е речиси една третина од неговото богатство и може да послужи како пример за останатите богаташи чии донации се мерат со десетици или стотици милиони долари и претставуваат само 1% од нивното богатство. Дорси постапно ќе продава акции на Square и тие пари ќе ги додели на својата фондација Start Small. Првиот износ од 100 милиони долари ќе биде наменет за американскиот фонд за храна. Кога ќе помине пандемијата, парите ќе се пренасочат во здравство, школување на девојчиња и за универзални приходи.

- Advertisement -

Додека Дорси сака да донира една третина од своето богатство, износот кој има намера да го донира исновачот на Amazon, Џеф Безос, во борбата со вирусот е околу 0,08% од неговото богатство. Станува збор за 100 милиони долари кои ќе ги донира на непрофитна организација која поддржува банки за храна. Покрај тоа, Amazon стартуваше и сопствен фонд насочен за помош на своите соработници и сезонски работници во износ од 25 милиони долари, а фондот е отворен и за надворешни донации.

Името кое најмногу се споменува од избивањето на епидемијата е Бил Гејтс, основачот на Microsoft, кој со години финансира проекти врзани за создавање вакцини. После избивањето на вирусот тој се вклучи да помогне во пронаоѓањето вакцина за корона вирусот. Освен што преку филантропскиот фонд што го основа со сопругата донираше 100 милиони долари во борбата со корона вирусот, најави и изградба на фабрики во кои ќе се произведуваат вакцини. Фабриките ќе работат на производство на повеќе потенцијални вакцини, а на крајот ќе се искористи само една или две кои ќе се покажат најефикасни. Останатите фабрики нема да се користат, а трошокот за нив ќе изнесува неколку милијарди долари.

- Advertisement -

Оној кој најмногу се најде на критики поради својата донација во борбата со пандемијата е Марк Цукерберг, основачот на Facebook. На TikTok неодамна се најде и видео на кое се покажува колкав процент од неговото богатство е донацијата од 25 милиони долари – 0,03% од неговото вкупно богатство.

Што се однесува на Google, тие минатата недела најавија дека ќе им помогнат на 5.000 семејства во Сан Франциско кои најтешко се погодени од пандемијата и на секое ќе му донираат по 1.000 долари. Од тие вкупно 5 милиони долари донација, 1 милион ќе даде извршниот директор Сундар Пичаи, а тој ги повика и останатите вработени да донираат во фондот за помош на загрозените семејства.

Фото – www.jber.jb.mil/

Сподели!
- Advertisement -