Google го менува изгледот и функциите на Gmail

- Advertisement -

Google планира да го промени изгледот на својот популарен сервис Gmail. Новиот изглед вклучува суптилни промени, но и поединечни очигледни поголеми измени кои би можеле да привлечат нови корисници. Станува збор за промени на десктоп верзијата кои вклучуваат некои карактеристики на Gmail апликацијата за Android и iOS.

Декстоп верзијата ќе добие нови опции како што се „заспивање“ на мејловите до некој посакуван момент кога ќе ги „разбудите“, кога сте подготвени да одговорите на нив. Понатаму, ќе има и опција за брзо одговарање и паметни сугестии и предлози, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

Новиот дизајн ќе вклучува и нов sidebar, кој ќе овозможи полесно користење на календарот, а со тоа и подобра организација на задачите. Покрај новиот sidebar, кој ќе крие уште многу додатоци, Google ќе овозможи и три изгледи на почетниот екран.

Тие ќе се разликуваат по фокуоот кој е ставен на одредени аспекти од мејловите. Едниот од нив е дизајниран во прв план да ги става прилозите во мејловите, другиот компактно ги претставува пораките, додека третиот во прв план има неинвазивно користење, односно да не се заморува корисникот.

Сподели!
- Advertisement -