НАСА ја избра компанијата која ќе дизајнира вселенски користими за астронаутите

- Advertisement -


НАСА треба да реши големи предизвици ако сакаат повторно да зачекорат по Месечината. Засега не им оди толку добро и ситуацијата не се развива во насоката во која се надеваа. Првиот рок за прошетка по Месечината веќе го пробија и наместо во 2024 година, на земјиниот природен сателит сега планираат да слетаат во 2025 година. Ако се биде во ред и нема некои непредвидени ситуации.

Но, на сите кои ја следат таа мисија им е јасно дека има доста проблеми додека се реализира. Еден од проблемите се и вселенските костими, а неделава беше направен голем чекор напред кон решавање на тој проблем.

- Advertisement -

Имено, НАСА ја избра компанијата Axiom Space за партнер за производство на вселенски костими за мисијата Artemis III, односно за костимите кои астронаутите ќе ги носат на Месечината. Цената на договорот веќе е поголема од 228 милиони долари.

Како што велат од НАСА, Axiom Space ќе биде одговорна за дизајнот, развојот, сертификацијата и производството на вселенски костими, како и за дополнителната поддршка за опремата. Костимите ќе мора да се тестираат во средина слична на вселенската пред самата мисија. Експертите од НАСА и понатаму ќе го имаат главниот збор во однос на тестирањето и планирањето на мисијата. Исто така, костимите ќе мора да бидат направени според техничките и безбедносните стандарди на НАСА.

- Advertisement -

(NASA)

- Advertisement -

(фото: Inverse)

Сподели!
- Advertisement -