Корона вирусот може да ги сотре горилите и шимпанзата на Земјата

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот може целосно да ги уништи популациите на горили, шимпанза и орангутани на Земјата, предупреудваат научниците. Тие се нашите најблиски „роднини“, кои дела 98% од човечката ДНК, па затоа се подложни на респираторни заболувања кои се јавуваат кај луѓето.

Дури и патогените кои предизвикуваат благи симптоми кај луѓето може да бидат смртоносни кај големите мајмуни. Фактот дека КОВИД-19 е фатален за некои луѓе ги плаши научниците дека може целосно да ги уништи големите раси мајмуни.

- Advertisement -

Досега нема пријавени случаи на заболени мајмуни, но голем број од нив се во опасност од истребување поради уништувањето на шумите и ловот, па истражувачите велат дека затворањето на националните паркови, резервати и на зоолошките гради е нешто што веројатно ќе мора да се направи.

„Луѓето кои се помлади и помалку загрозени од тешки болести се тие кои најчесто патуваат по националните паркови во Африка и Азија. Би било навистина тешко да се следи дали тие се инфицирани со КОВИД-19 затоа што може да се и асимптоматски случаи“, велат научниците.

- Advertisement -

Првите докази за пренос на болести од луѓето на големите раси мајмуни се забележани во 2008 година. Оттогаш досега човечките респираторни вируси имаат предизвикано огромна штета кај големите раси мајмуни.

Бројот на горили на планините на Земјата се зголемува во последно време и сега изнесува околу 1.000 кои сега живеат во Конго. Се преземаат мерки и за заштита на орангутаните. Последните податоци на научниците покажуваат дека вообичаеното растојание меѓу луѓето и големите раси мајмуни треба да се зголеми од 7 на 10 метри.

Сподели!
- Advertisement -