Маск на Твитер: Тесла си оди од берзата!

- Advertisement -

Главниот извршен директор на „Tesla“, Илон Маск,изјави дека размислува и е подготвен да ја тргне компанијата од јавната берза, претворајќи ја во приватна фирма, за вкупна сума од 72 илијарди долари, набрзо откако се појави информација дека фонд од Саудиска Арабија купил удел во неа, јави ДПА.

„Размислувам да ја направам Tesla да не биде јавна по цена од 420 долари за акција. Финансирањето е обезбедено“, напиша тој во Твитер и тоа брзо ја подигна цената на акциите до 367.25 долари. При 420 долари, целата компанија ќе чини 72 милијарди долари.

Повлекувањето би ја ослободило компанијата од постојаното барање од инвеститорите на Волстрит и објавување детали како е управувана компанијата која „голта“ милијарди долари вложувања во иновативни проекти. Така Маск ќе се ослободи и од многу финансиски ограничувања со кои сега се соочува.

- Advertisement -

Пред најавата на Маск, „Фајненшал Тајмс“ објави дека државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија во текот на оваа година купил меѓу три и пет отсто од акциите на „Tesla“, за што платил меѓу 1,7 и 2,9 милијарди долари.

Според лондонскиот весник, купопродажбата на акциите најверојатно се случила во текот на март кога суадискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман престојуваше во САД.

Сподели!
- Advertisement -