Министерката за финансии Нина Ангеловска оствари онлајн средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз на која стана збор за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од Covid-19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.
На состанокот министерката за финансии Ангеловска информираше и за тековната состојба на економијата и соочувањето со Covid-19 кризата. Таа посочи дека земјата веќе ги реализира двата сета на антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет на мерки, кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување.
Од двете страни беше афирмирано долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.