Илон Маск заврши со копањето на тунелот под Лос Анџелес

- Advertisement -

Компанијата Boring, која е во сопственост на американскиот иноватор Илон Маск, заврши со ископувањето на вториот од двата тунели наменети за подземен транзитен систем. Компанијата Boring од саемскиот центар Las Vegas Convention Center минатата година доби договор да направи систем од тунели долг 1,6 километри, а трошоците за тунелот изнесуваат 52,5 милиони долари. Сите активности ќе бидат авршени во јануари 2021 година, а ова ќе биде првиот чекор на Boring кон комерцијален подземен сообраќај.

Официјалното име на проектот е Convention Center Loop, а ќе се користи за превезување луѓе под споменатиот центар со автономни електрични возила на другата компанија на Маск, Teslа. Дизајниран е во еден час да може да превезе повеќе од 4.000 луѓе така што 15-минутното патување ќе биде заменето со двеминутно возење.

- Advertisement -

Идните проширувања на подземната мрежа ќе ги опфатат Стрип, Меѓународниот аеродром Меккаран и стадионот „Лас Вегас“. Сега кога се комплетирани двата тунели компанијата ќе почне да работи на надземните станици за патници на двете страни на тунелот, а ќе има и трета подземна станица во средината на кругот.

Системот треба да профункционира до Саемот за потрошувачка електроника CES во јануари идната година и на посетителите ќе им го олесни движењето затоа што сега мора да пешачат со часови низ центарот.

Сподели!
- Advertisement -