Истражувачи од Харвард предупредуваат: летото ќе го забави корона вирусот, но потоа следува нов бран зараза

- Advertisement -

Анализата што ја спроведоа научници од Харвард на корона вирусот на 3.739 локации во светот ја потврди претпоставката за влијанието на годишните сезони врз САРС-КоВ-2 вирусот. Сепак, времето не е единствениот фактор што влијае врз заразата, така што не треба целосно да се опуштиме и да се вратиме на старо. Како и да е, овие резултати даваат надеж дека олабавувањето на мерките кои се на сила сега нема да доведе до нов бран на пандемијата.

Според истражувањето на Универзитетот Харвард и МИТ, топлината, влажноста, сончевата светлина и може да го забави ширењето на смртоносната болест, но нема да го сопре целосно.Најдобро е на временските прилики да гледаме како на секундарен фактор, велат научниците.

- Advertisement -

Датабазата која ја составија истражувачи од Харвард и од Медицинската школа на МИТ ги анализира временските услови, од температурата и релативната влажност до забрзувањето на ветрот на 3.739 локации во светот со цел да се утврди ризикот од ширење на КОВИД-19 поради временските услови.

Тие откриле дека просечните температури над 25 степени Целзиусови придонесуваат за намалување на пренесеувањето на вирусот. Секој дополнителен степен значи дополни 3,!% намалување на шансите за ширење на вирусот и 3,1% намалување на репродукцијата на корона вирусот.

- Advertisement -

За тие кои мислеа дека строгите мерки се погрешни ова е лоша вест затоа што потврдува дека без карантинот и самоизолацијата, кои беа имплементирани во март, би имале експоненцијален раст на заразени и многу повеќе жртви на корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -