ВИДЕО: Solar Breeze е робот целосно еколошки кој чисти базени

- Advertisement -

Solar-Breeze вмесе револуција во начинот на чистење на базени на паметен, едноставен и одржлив начин. Во базените секојдневно се собираат лисје, прашина, полен и други отпадоци. Отпадоците најчесто лебдат 3-4 часа пред да почне да се распаѓаат и да потонат на дното. Дотогаш испуштиле бактерии кои го потикнуваат растот на алги во базенот. Зошто тогаш чекаме ѓубрето да се спушти на дното на базенот?

Со помош на напредна роботика, Solar-Breeze интелигентно навигира во базенот и ја отстранува нечистотијата од површината пред таа да добие шанса да произведе бактерии и да потоне. Solar-Breeze NX е иновативно и одржливо решение за одржување на чистотата на водата во базените.

- Advertisement -

Освен тоа, еден базен произведува иста количина загадување на годишно ниво колку едно теренско возило. Пумпите за базен трошат 4,5 мегавати енергија годишно, скапи се и нееколошки. Со традиционалните системи за чистење немате опција да ги користите само неколку часа затоа што базенот се чисти само кога работи пумпата.

Роботот Solar-Breeze NX не троши енергија од електрична мрежа. Работи целосно самостојно, без кабли или црева и без разлика дали пумпата работи или не. Со помош на соларна енергија роботот континуирано ја чисти површината на базенот во текот на целиот ден. Истовремено, складира енергија во литиум-јонска батерија, која може да се полни, па може да работи и ноќе.

Сподели!
- Advertisement -