Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук во Србија

- Advertisement -
Кина и Србија се во преговори за изградба на индустриски парк за овошје и зеленчук кој, на иницијатива на кинеската влада, ќе се гради во Србија, пишува InStore.mk.
Од министерството за земјоделство изјавија дека благодарение на тој парк земјоделците од Србија ќе добијат пласман за овошје и зеленчук. Поточно, компании од Кина, кои во индустрискиот парк би имале и преработувачки капацитети, ќе ги користат суровините од Србија, а производите од повисок степен на обработка би ги пласирале на европскиот пазар.

Бидејќи разговорите се во почетна фаза, сè уште не се знае локацијата и капацитетот на паркот, но сигурно е дека со него ќе се обезбеди сигурен пласман за овошјето и зеленчукот.

Сподели!
- Advertisement -