Apple продолжува со новата стратегија – ќе претстави нови поевтини уреди

- Advertisement -

Откако неодамна го претстави новиот модел на iPhone, кој иако е базиран на стар дизајн, доаѓа со најмодерен хардвер, чини само 400 долари и сега изгледа дека компанијата има слични планови и за пазарот на таблети. Така смета најпознатиот аналитичар Минг-Чи Куо, кој со години го следи и го прогнозира развојот на нови производи на Apple. Според него, Тим Кук и неговиот тим во втората половина од годината може да претстават нов модел на iPad со екран од 10,8 инчи, а за почетокот на следната година планираат и нов Pad mini со дијагонала од 8,5 до 9 инчи.

Она што на љубителите на Apple ќе им биде посебно интересно е дека Apple со новите модели на iPad ќе се фокусира на производната стратегија на iPhonе SE. Тоа значи дека идните моделите на таблетот ќе имаат моќен хардвер, но ќе бидат и ценовно поповолни во однос на актуелните модели на iPad. Иако не се споменуваат цените на идните модели, моментално најетвиниот 10-инчен iPad чини 329 долари, така што може да се очекуваат уште понсики цени.

- Advertisement -

Освен таблети, Куо повторно споменува уште еден нов производ на кој работи компанијата – паметни очила со поддршка за проширена реалност. За тој гаџет кружат гласини веќе подолго време, а ако му се верува на аналитичарот, ќе помине уште некое време пред да бидат официјално претставени. Ако се оди според планот, очилата веројатно ќе бидат претставени во 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -