Twitter ќе наплатува СМС автентикација

- Advertisement -

Откако Илон Маск го презеде Twitter, направи некои потези кои во најмала рака се сомнителни. Последниот во низата такви потези е укинувањето на двократната автентикација преку СМС. Имено, веќе со години се споменува дека потврдувањето на идентитетот преку СМС не е секогаш најбезбеден поради ранливоста на системот, кој овозможува злонамерните луѓе да престернат некоја порака и така да го „киднапираат“ профилот на корисниците.

Како што велат во објаснувањето, двократната автентикација не е задолжителна за некој да се логира на својот профил на Twitter, иако тие го препорачуваат како побезбеден начин на потврдување на идентитетот. Затоа, на корисниците им препорачуваат да ја користат, но преку бесплатни апликации како што е на пример, Google Autentificator.

- Advertisement -

За претплатниците на Twitter кои се спремни да платат 8 долари за Android или 11 долари за iPhone за да имаат посебна ознака со своето име и пристап до некои дополнителни опции на Twtitter двократната авентитикација преку СМС останува. Илон Маск се обиде да објасни за што станува збор.

За многу корисници да можат да испратат порака за автентикација, Twitter таа услуга мора да им ја плати на телефонските оператори. А тоа, како што вели тој, чини 60 милиони долари годишно. Со оглед на тоа дека Twitter баш и нема многу пари за фрлање, одлучиле да ги скратат трошоците како овој.

- Advertisement -

Интересно е дека што според податоците од декемвери 2021 година, дури 2,6% од корисниците на Twitter користат двократна автентикација како метод на проверка на идентитетот. Од тие корисници 74% од корисниците користат СМС како форма на идентификација. Тие сега мора тоа да го сменат до 20 март.

За просечниот корисник, кон не е корисник на Twitter Blue, тоа значи дека после 20 март и понатаму ќе може да го користи својот профил на Twitter.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -