Нов патент на Xiaomi открива смартфон на преклоп со камери кои се ротираат

- Advertisement -

Нов патент на Xiaomi откри смартфон со интересен дизајн. Станува збор за смартфон на преклоп како Moto Razr и Samsung Galaxy Z Flip, но со ротирачки камери. Овој механизам овозможува физичко вртење на заднита камери напред и нивно користење за селфи фотографии.

Во горниот дел на телефонот има копчиња за вклучување и исклучување на уредот, како и за контрола на јачината на звукот. Копчињата се сместени на горната десна страна. Под делот со камери кој се ротира се наоѓаат звучниците.

- Advertisement -

Засега ова е само патент и нема најава дека Xiaomi навистина ќе произведе ваков уред затоа што производителите на смартфони често патентираат уреди кои никогаш не стигнуваат на пазарот. Xiaomi претходно имаше неколку патенти како телефон на преклоп сличен на Z Flip, мобилен телефон со поп-ап механизам со седум камери, мобилен телефон со две селфи камери сместени во отвор на екранот и сл. кои не доживеаја да станат вистински производи.

(фото: LetsGoDigital)

Сподели!
- Advertisement -