Британски научници развиваат премаз за кваки кој го убива корона вирусот

- Advertisement -

Во многу блиска иднина ќе можеме по домовите да поставиме кваки на вратите кои ги убиваат сите вируси што ќе дојдат во контакт со нив и тоа за неколку секунди. Д-р Фелисити де Коган од Универзитетот бирмингем откри дека инженери на универзитетот работат на развој на површини кои се способни сами да го неутрализираат вирусот САРС-КоВ-2.

На прес-конференција д-р Де Коган истакна дека материјалите кои ги уништуваат вирусите и ќе се користат како премази за предмети ќе бидат готови за продажба во текот на наредните неколку недели. Сепак, додаде дека пореалистични се очекувањата тие материјали да бидат целосно готови до Божик.

- Advertisement -

Де Коган е основач на компанијата за премази отпорни на инфекции NitroPep и соработник на Кралската академија за инженеринг. „Чистите површини се многу битни во борбата против КОВИД-19 и ако одржуваме чистота, можеме да го спречиме ширењето на болеста. Луѓето можат или сами да ги чистат површините или да создадеме површини кои не мора да се чистат. Верувам дека површините кои не мора да се чистат им звучат подобро на луѓето затоа што значат дека не мора да се грижиме дали се чисти или не. Освен тоа, ниене можеме доволно брзо да ги исчистиме површините пред некој да ги допре и да се прошири инфекцијата, а постојните површини кои се чистат сами ги уништуваат вирусите дури за неколку часа. Замислете само колку пати некој ќе ги допре тие површини за тој период“ додаде Де Коган.

Пренесувањето на вирусите преку допирање валкан површини е една од трите главни причини според научниците за ширењето на корона вирусот, заедно со директната трансимисија од човек на човек преку капките кои ги испуштаме кога кашламе или киваме.

- Advertisement -

(фото: Picrepo)

Сподели!
- Advertisement -